Организација на наставата

1. Наслов на наставниот предмет ФУНКЦИОНАЛНА АНАТОМИЈА
2. Код ФАФЗО
3. Студиска програма
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) УКИМ – Медицински факултет

Катедра по анатомија

5. Степен на образование (прв односно втор циклус) Прв циклус
6. Академска година/семестар Прва/I 7. Број на ЕКТС кредити 4
8. Наставник Раководител на катедрата за анатомија проф. д-р Ј. Живадиновиќ

*наставата ја изведуваат членови на катедрата

9. Предуслови за запишување на предметот нема
10. Цели на предметната програма:

• Запознавање на анатомијата како природна, морфолошка наука и нејзиното значење во медицината.

• Осознавање на основната макроскопска градба на човечкото тело

• Изучување на анатомија на локомоторен и периферен нервен систем

• Изучување на анатомија на останатите функционални системи

• Осознавање на микроскопската градба на човечките органи и ткива

• Изучување на топографија на екстремитети

• Изучување на топографијата на граден кош, стомак и карлица

• Употреба на стручна терминологија

 

11. Содржина на предметната програма:

Теоретска настава: Анатомија (30 часа)

• Вовед во анатомијата, анатомска номенклатура – 1 час

• Анатомија на локомоторен систем: – коски, зглобови и мускули на горен и долен екстремитет, труп и глава – 12 часа

• Анатомија на периферен нервен систем – 2 часа

• Анатомија на останатите функционални системи: – респираторен систем – кардиоваскуларен систем – дигестивен систем – урогенитален систем – централен нервен систем – 12 часа

• Жлезди со внатрешно лачење – 1 час

• Сетилни органи – 2 часа

 

12. Методи на учење: интерактивни предавања
13. Вкупен расположив фонд на време 120 часови
14. Распределба на распложивото време 30 часови предавања и 90 часови домашно учење
15. Форми на наставните активности Предавања-теоретска настава -30 часа
16. Други форми на активности Домашно учење – 90 часа
17. Начин на оценување бодови
17.1 Континуирана проверка Континуираната проверка го опфаќа материјалот од анатомија на  локомоторен и периферен нервен систем. Континуираната проверка е положена со освоени од 27 до 45 бода
17.2 Завршен испит Завршниот испит го опфаќа материјалот од респираторен, кардиоваскуларен, дигестивен, урогенитален, централен нервен систем, жлезди со внатрешно лачење и сетилни органи. Завршниот испит е положен со освоени од 27 до 45 бода.

Студентот е должен да освои минимум од предвидените бодови за секој дел од испитот, посебно. Во спротивно, испитот се смета за неположен.

 

18. Критериуми за оценување (бодови/оценка)
до 59 бода 5 (пет) F
од 60 до 68 бода 6 (шест) E
од 69 до 76 бода 7 (седум) D
од 77 до 84 бода 8 (осум) C
од 85 до 92 бода 9 (девет) B
од 93 до 100 бода 10 (десет) A
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит За да добие потпис, студентот треба да освои минимум бодови од посета на теоретска настава.

За да пристапи на завршен испит, студентот треба да ја положи континуираната проверка. Доколку континуираната проверка не е положена во предвидената колоквиумска недела, студентот пристапува кон комплетен завршен испит кој претставува комбинација од тест од неположената проверка и завршен испит.

Оценката за предметот се формира според табелата на оценки, а врз основа на збирот на бодовите од сите активности, континуираната проверка и завршниот испит.

 

20. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата Студентска анонимна евалуација за предметот, наставниците и соработниците кои учествуваат во изведувањето на наставата.

 

22. Литература

 

22.1 Задолжителна литература

1. Живадиновиќ Ј, Папазова М, Матвеева Н, Зафирова Б, Чадиковска Е, Јурковиќ Д, Бојаџиева-Стојаноска Б, Додевски А, Трпковска Б. Анатомија на човекот – за дипломиран физиотерапевт. Скопје: УКИМ, Медицински факултет; 2018 година.

 

22.2 Дополнителна литература

1. Анатомски атлас на човекот

2. Матвеева Н, Живадиновиќ Ј, Папазова М, Зафирова Б, Чадиковска Е. Анатомија 1 за студентите од општа медицина. Скопје: УКИМ, Медицински факултет; 2019.

3. Живадиновиќ Ј, Матвеева Н, Папазова М, Зафирова Б, Чадиковска Е. Анатомија 2 за студентите од општа медицина. Скопје: УКИМ, Медицински факултет; 2020.

4. Папазова М, Лазарова Д, Живадиновиќ Ј. Периферен нервен систем – клиничка анатомија. Скопје: МАРИВ-С; 2009.

5. Папазова М, Лазарова Д, Живадиновиќ Ј. Васкуларизација на мозокот. Скопје: УКИМ, Медицински факултет; 2010.

 

 

ПРОГРАМА

ЗА ТЕОРЕТСКА НАСТАВА ЗА ПРЕДМЕТОТ ФУНКЦИОНАЛНА АНАТОМИЈА

ЗА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И ЗДРАВЈЕ

 

ЧАС СОДРЖИНА
1. Вовед во анатомија
 

2.

Коски на горниот екстремитет

–       клучна коска (clavicula)

–       лопатка (scapula)

–       рамена коска (humerus)

–       радиус (radius)

–       лакотна коска (ulna)

–       коски на шаката (ossa manus)

 

3.

Коски на долниот екстремитет

–       карлична коска (os coxae)

–       коскена карлица (pelvis osseus)

–       бутна коска (femur)

–       голеница (tibia)

–       лисница (fibula)

–       коски на стапалото (ossa pedis)

 

4.

Коски на трупот

`Рбетен столб (columna vertebralis)

–       прешлени (vertebrae)

–       крстна коска (os sacrum)

–       опашна коска (os coccygis)

–       рбетен столб во целина

–       градна коска (sternum)

–       ребра (costae)

–       граден кош во целина

 

5.

Коски на главата

Коски на черепот (ossa cranii)

–       челна коска (os frontale)

–       ситеста коска (os ethmoidale)

–       клинеста коска (os sphenoidale)

–       тилна коска (os occipitale)

–       темена коска (os parietale)

–       слепоочна коска (os temporale)

 

6.

Коски на главата

–       Коски на лицето (ossa faciei)

–       Череп како целина

7. Коски на главата

–       Краниофацијални јами

8. Зглобови на горниот екстремитет

–       рамен зглоб (art. humeri)

–       зглоб на лактот (art. cubiti)

–       зглобови на шаката (artt. manus)

9. Зглобови на долниот екстремитет

–       зглоб на колкот (art. coxae)

–       зглоб на коленото (art. genus)

–       зглобови на стапалото (artt. pedis)

10. Зглобови на главата и вратот

Зглобови на `рбетниот столб

11. Мускули на главата

–       Мускули кои го менуваат изразот на лицето

–       Мускули кои ја движат мандибулата

12. Мускули на вратот
13. Мускули на горниот екстремитет – поделба

–       Мускули кои го движат рамениот појас

14. Мускули на горниот екстремитет

–       мускули кои го движат зглобот на лактот

 

15.

Мускули на горниот екстремитет

–       мускули кои ги движат рачниот зглоб и зглобовите на шаката

–       Фасции на рака

 

16.

Мускули на долниот екстремитет

–    мускули карлица и нога – поделба

–    мускули кои овозможуваат движења во зглобот на колкот

 

17.

Мускули на долниот екстремитет

–       мускули кои овозможуваат движења во зглобот на коленото

–       мускули кои овозможуваат движења во скочниот зглоб и зглобовите на стапалото

–       Фасции на нога

18. Мускули на долниот екстремитет

–       мускули кои овозможуваат движења во скочниот зглоб и зглобовите на стапалото

Фасции на нога  

 

19.

Мускули на трупот

–       Мускули на ѕидовите на стомакот

–       Мускули на карлица

–       Мускули кои овозможуваат вдишување

 

 

20.

Слаби места на стомачните ѕидови

–    слаби места на предно-надворешниот стомачен ѕид

–    слаби места на задниот стомачен ѕид

Мускули кои овозможуваат издишување

Фасции на трупот

 

21.

 

 

Неврологија – општ дел

Периферен нервен систем

Черепни или капитални нерви

Рбетни или спинални нерви

–       вратен нервен сплет (plexus cervicalis)

–       рамен нервен сплет (plexus brachialis)

–       меѓуребрени нерви  (nn. intercostales)

–       слабински нервен сплет (plexus lumbalis)

–       крстен нервен сплет (plexus sacralis)

–       карличен нервен сплет (plexus pudendus)

–       тртичен нервен сплет (plexus coccygeus)

–       Автономен нервен систем

 

22.

 

 

Респираторен систем

–          горни дишни патишта

–       долни дишни патишта

–       бели дробови (pulmones)

–       плевра (pleura)

 

23.

Кардиоваскуларен систем

–       срце (cor)

–       срцево кесе (pericardium)

–          мал крвоток

–       голем крвоток

–       систем на артериски крвни садови

–       систем на венски крвни садови

24. Дигестивен систем

–       усна празнина (cavum oris)

–       голтник (pharynx)

–       хранопровод (esophagus)

–          желудник (gaster)

–          тенко црево (intestinum tenuae)

–       дебело црево (intestinum crassum)

–          црн дроб (hepar) и жолчни патишта

–       панкреас (pancreas)

–       слезина (lien)

 

25.

Урогенитален систем

–       бубрег (ren)

–       изводни уринарни патишта на бубрегот

–       уретер (ureter)

–       мочен меур (vesica urinaria)

–       уретра (urethra)

–       внатрешни женски и машки полови органи

26. Жлезди со внатрешно лачење

 

27.

 

 

Сетилни органи

–     орган за вид (organum visus)

–       орган за слух и рамнотежа (organum vestibulocochleare)

 

 

28.

Централен нервен систем

–          поделба на централниот нервен систем

`Рбетен мозок (medulla spinalis)

Мозочно стебло (truncus cerebri):

–          продолжен мозок (medulla oblongata)

–          мост (pons)

–       среден мозок (mesencephalon)

 

29.

 

 

Централен нервен систем

Мал мозок (cerebellum)

Меѓумозок (diencephalon)

Централен нервен систем

Завршен мозок (telencephalon)

 

30. 

Централен нервен систем

Патишта на централниот нервен систем

–          моторни патишта

–          сензитивни патишта

–       сензорни патишта

Централен нервен систем

Мозочници (meninges)

Мозочни комори

Крвни садови на централниот нервен систем