Информации за полагање

ПРОВЕРКА И ОЦЕНУВАЊЕ НА ЗНАЕЊЕ
Проверката на знаењето по предметот Анатомија ќе се реализира
преку три континуирани проверки по соодветните модули, распоредени
во текот на наставната година.Секоја контиуирана проверка (колоквиум) ќе се состои од две
последователни фази:
1. Прелиминарен тест
2. Усна проверка на знаењето

Прелиминарниот тест има елиминациски карактер и не носи бодови во
конечниот број на бодови од колоквиумот. Неговата цел е да утврди дали
студентот го достигнал потребното ниво на основно знаење за
пристапување кон усната проверка.
За успешно положување на прелиминарниот тест, студентот треба да
постигне најмалку 60% точни одговори. Студентите кои ќе го исполнат
овој услов ќе имаат право да пристапат кон усната проверка на знаењето.

ПРВ КОЛОКВИУМ
Првиот колоквиум го опфаќа материјалот од:
– Анатомија на горен екстремитет
– Анатомија на долен екстремитет
Полагањето започнува со прелиминарен тест.
За да продолжи кон усниот дел, студентот треба да постигне минимум
60% точни одговори.
Датум за писмена проверка (елиминационен тест) : 16.11.2026
Прелиминарниот тест не носи бодови и резултатот од него не се додава во
конечниот број на бодови за формирање на завршната оцена по предметот.
По успешно положениот прелиминарен тест, студентот пристапува кон усна
проверка на знаењето која се состои од два дела дескриптивен (
теоретски) и практичен дел.

Датум за усна проверка: 17.11-20.11

Првиот колоквиум носи:
Минимум: 18 бода
Максимум: 30 бода

Усната проверка ќе опфаќа прашања поврзани со oстеологија и
синдезмололгија,миологија,ангиололгија и неврологија на горниот и
долниот екстремитет. Практичната проверка ќе опфаќа прашања поврзани
со топографските регии на горниот и долниот екстремитет како и
препознавање на структурите и нивните меѓусебни соодноси .

ВТОР КОЛОКВИУМ

Вториот колоквиум го опфаќа материјалот од областа на аксијалниот
скелет, вклучувајќи:
– коски на черепот со краниофацијални јами.
-‘рбетен столб;
– ребра и граден кош;
– зглобови на аксијалниот скелет;
– лигаментарен апарат;
– карактеристични анатомски структури и меѓусебни соодноси.
– карлична остеометрија

Полагањето започнува со прелиминарен тест.
За да продолжи кон усниот дел, студентот треба да постигне минимум
60% точни одговори.
Датум за писмена проверка (елиминационен тест) : 21.12.2026
Прелиминарниот тест не носи бодови, туку претставува услов за
пристапување кон усната проверка.

Датум за усна проверка: 22.12-25.12

Вториот колоквиум носи:
Минимум: 6 бода
Максимум: 10 бода

Усната проверка ќе биде насочена кон препознавање и објаснување на
остеологија и синдезмологија на аксијалниот скелет како и функционалното
значење на карличната остеометрија

ТРЕТ КОЛОКВИУМ
Третиот колоквиум ја опфаќа анатомијата на трупот, и тоа:
– граден кош (thorax);
– абдомен (abdomen);
– карлица (pelvis).

Материјалот опфаќа миологија,ангиологија, неврологија како и
спланхнологија на трупот.
Како и кај претходните колоквиуми, студентите најпрво полагаат
прелиминарен тест. За пристапување кон усната проверка потребно е да
постигнат најмалку 60% точни одговори.
Прелиминарниот тест не носи бодови и неговиот резултат не се вклучува во
конечниот број на бодови.

Датум за писмена проверка (елиминационен тест) : Maj 2027
Студентите кои ќе го исполнат критериумот од 60% точни одговори
продолжуваат кон усната проверка која се состои од
дескриптивен ( теоретски) и практичен дел.

Датум за усна проверка: Maj 2027

Третиот колоквиум носи:
Минимум: 21 бод
Максимум: 35 бода
два дела

Усната проверка ќе биде насочена кон анатомската градба, инервацијата и
васкуларизацијата на органите и структурите, како и нивното функционално
и клиничко значење. Практичната регија ќе биде насочена кон
топографските регии на трупот, торакс , абдомен и карлица.