Распоред
http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2023/09/Raspored-DA-I-sem-red.pdf
1. | Наслов на наставниот предмет | АНАТОМИЈА СО ЕМБРИОЛОГИЈА | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2. | Код | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
3. | Студиска програма | Тригодишни стручни студии за акушерки | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | УКИМ – Медицински факултет
Катедра за анатомија, Катедра за хистологија |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
5. | Степен на образование (прв односно втор циклус) | Интегриран циклус | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
6. | Академска година/семестар | Прва/I | 7. | Број на ЕКТС кредити | 2,5 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
8. | Наставник | Раководител на катедрата за анатомија
проф. д-р Ј. Живадиновиќ, Одговорен наставник на Катедрата за хистологија и ембриологија: проф. д-р Елида Митевска и доц. д-р Лена Какашева-Маженковска. *наставата ја изведуваат сите членови на катедрите |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
9. | Предуслови за запишување на предметот | нема | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
10. | Цели на предметната програма:
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
11. | Содржина на предметната програма:
ТЕОРЕТСКА НАСТАВА: Анатомија (26 часа)
Хистологија (14 часа) · Основни структурни карактеристики на ткивата во женскиот репродуктивен систем Ø епително ткиво; потпорно ткиво; мускулно ткиво; нервно ткиво · Општа ембриологија: Ø Значење на ембриологијата за клиничката пракса. Поими релевантни за хуманата ембриологија. Пренатален развиток на човекот. Ø Предембрионален период: гаметогенеза, фертилизација, имплантација и формирање на ембрионот. Ø Ембрионален период: поим – органогенеза, диференцијација на ембрионалните клетки (суштина и значење). Ø Фетален период: карактеристики на плодот на почетокот од феталниот развиток; промени што се случуваат во текот на феталниот период; карактеристики на плодот на крајот од феталниот период; фетален и неонатален крвоток; фактори што влијаат на растот и развитокот на фетусот. Ø Постелка и обвивки на плодот: градба и функција на постелката; градба и функција на папочната врвца; амнион и амнионска течност; ембрионална вреќичка; фетални мембрани кај близначка бременост. Ø Нарушување на развитокот и настанување на вродени аномалии. Ø Очигледни физички манифестации на отстапувањата од нормалниот развиток кај новороденчето · Хистолошка градба на женскиот репродуктивниот систем Ø Состав и основни функции на женскиот репродуктивен систем Ø Јајник: градба (обвивки, кортекс и медула), структура на развојните стадиуми на фоликулот (примордијален, примарен, секундарен, терцијарен и атретичен); овулација; градба на постовулаторни резидуи (corpus rubrum, corpus luteum et corpus albicans). Ø Јајцевод: градба и специфики на епителот. Ø Матка: градбени специфики на ендометриум, миометриум и периметриум; структурни промени на ендометриумот во тек на менструалниот циклус; грло на матка, градбени специфики поврзани со функцијата. Ø Родница, химен и вулва (основни градбени карактеристики). · Ембрионален развиток и најчести нарушувања на женскиот репродуктивниот систем: Ø Формирање на јајник, јајцеводи, матка, родница и надворешни гениталии. Ø Можни нарушувања.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА: Анатомија (10 часа)
Хистологија (5 часа)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
12. | Методи на учење: Интерактивни предавања, вежби, семинари | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 100 часови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
14. | Распределба на распложивото време | 55 часови предавања и вежби
45 часови домашно учење |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1. | Предавања-теоретска настава | 40 часови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
15.2. | Вежби,
Семинари |
15 часови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1. | Пракса | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
16.2. | Самостојни задачи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
16.3. | Домашно учење | 45 часови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
17. | Начин на оценување бодови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
17.1 | Континуирани проверки | мин.-макс.
Континуирани проверки (колоквиуми) – 2 писмени: 1. Анатомија: Анатомија на функционалните системи бодови 18 – 30 2. Хистологија: хистологија и ембриологија бодови 12 – 20 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
17.2 | Завршен испит | Анатомија:
мин.-макс. *Писмен дел бодови 18 – 30 **Практичен дел бодови 6 – 10
*Писмениот дел од завршниот испит го опфаќа материјалот од абдомен и карлица. **Практичниот дел од завршниот испит опфаќа: – препознавање и опис на органи и анатомски елементи во состав на абдомен и карлица на фиксирани препарати и кадавери.
Студентот е должен да освои минимум од предвидените бодови за секој дел одзавршниот испит, посебно, за да можат да му бидат впишани бодовите за завршниот испит. Во спротивно,завршниот испитсе смета за неположен. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
17.3 | Семинарска работа/проект (презентација: усмена) | Анатомија
мин.-макс. бодови 1 – 2 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
17.4 | Активно учество | мин.-макс.
Теоретска настава бодови 1- 2 Практична настава бодови 4 – 6 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 59 бода | 5 (пет) F | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
од 60 до 68 бода | 6 (шест) E | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
од 69 до 76 бода | 7 (седум) D | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
од 77 до 84 бода | 8 (осум) C | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
од 85 до 92 бода | 9 (девет) B | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
од 93 до 100 бода | 10 (десет) A | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | За да добие потпис, студентот треба да освои минимум бодови од посета на теоретска и практична настава, како и изработка на семинарска работа
За да пристапи на завршен испит , студентот треба да ги положи континуираните проверки. Доколку проверките не се положена во предвидената колоквиумска недела, студентот пристапува кон комплетен завршен испит кој претставува комбинација од тест од неположените проверки и завршен испит.
Оценката за предметот се формира според табелата на оценки, а врз основа на збирот на бодовите од сите активности, континуираните проверки и завршниот испит.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
20. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Студентска анонимна евалуација за предметот, наставниците и соработниците кои учествуваат во изведувањето на наставата. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
22. | Литература | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
22.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
1. | Живадиновиќ Ј, Матвеева Н, Папазова М, Зафирова Б, Чадиковска Е. Анатомија 2. Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Медицински факултет, Скопје, 2020. | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2. | Миленкова Л, Костовска Н. Општа ембриологија на човекот Култура, Скопје, 2002 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
3. | Keith L. Moore & T.V.N. Persaud Човекот во развој – клинички ориентирана ембриологија Saunders Elsevier2008 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
4. | Костовска Н. Миленкова Л. Хистологија, градба на ткивата, Де Гама, Скопје, 2003. | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
5. | Миленкова Л, Костовска Н. Хистолошка градба на органските системи Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Медицински факултет, Скопје, 2013. | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
22.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
1. | Анатомски атлас | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2. | Мур КЛ, Дали АФ, Агур АМП. Клинички ориентирана анатомија. 6-тоиздание. Скопје:Табернакул; 2011. | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
3. | Катедра за хистологија и ембриологија Учебни материјали во форма на Е-фајлови со теми од практичната настава, на веб страната на Медицинскиот факултет2015 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
4. | Жунквеира ЛК. Карнеиро Х. Основи на хистологијата – текст и атлас Просветно дело – 2009 (преводот на македонски јазик) Ориги-нал: 11 издание, 2005 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
5. | Рос МХ. Павлина В. Хистологија – текст и атлас Табернакул, –2010 (преводот на македонски јазик) Ориги-нал: 5. издание 2006 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
6. | www.biolucida.com\ Medical education edition | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПРОГРАМА ЗА ТЕОРЕТСКА НАСТАВА – АКУШЕРКИ
- Вовед во анатомија
- Локомоторен систем
- Коски, зглобови, мускули и фасции на главата и вратот
- Коски, мускули и зглобови на ѕидот на градниот кош
- `Рбетен столб
- Коски, зглобови и мускули на горниот екстремитет
- Коски, зглобови и мускули на долниот екстремитет
- Мускули, апоневротични творби и фасции на ѕидовитена абдоменот
- Периферен нервен систем
- Респираторен систем
- Кардиоваскуларен систем
- Дигестивен систем
- Уринарни органи
- Ендокрин систем, Сетилни органи
- Централен нервен систем
- Централен нервен систем
- Топографска анатомија на трупот
- Карлица
- Ѕидови на карличната празнина
- Карлична коска
- Зглобови на карлицата
- Пелвични мускули
- Пелвична фасција
- Перитонеум на карлицата
- Меѓичка (perineum)
- Органи на карлицата
- Карличен дел на уринарните патишта
- Мочен меур
- Простата
- Одводна мочна цевка
- Машки полови органи
- Тестис
- Епидидимис
- Семевод
- Семена врвка
- Парадидимис
- Ејакулаторен канал
- Помошни жлезди на машкиот полов систем
- Надворешни машки полови органи
- Пенис
- Мадно ќесе (scrotum)
- Женски полови органи
- Долен генитален тракт
- Вулва
- Родница –вагина
- Горен генитален тракт
- Матка
- Јајцевод
- Јајчник
- Завршен дел на дигестивниот систем
- Завршен дел на дебелото црево
- Право црево
- Анален канал
ПРАКТИЧНА НАСТАВА – АКУШЕРКИ
Вежба | Содржина |
I | 1. Вовед
2. Локомоторен систем 3. Периферен нервен систем |
II | 4. Функционални системи |
III | 5. Коски, зглобови и мускули на карлица и `рбетен столб
карлична коска (os coxae) – карлица (pelvis osseus) – зглобови на карлицата – зглоб на колкот (art. coxae) – `Рбетен столб (columna vertebralis) – прешлени (vertebrae) – крстна коска (os sacrum) – опашна коска (os coccygis) – `рбетен столб во целина |
IV | Топографска анатомија на женска карлица и абдомен |
V | Органи на женска карлица |