Испитот анатомија со хистологија се состои од:
Две писмени континуирани проверки (колоквиуми):
1. Анатомија: локомоторен, респираторен и кардиоваскуларен систем бодови 18 – 30
2. Хистологија: хистолошка градба на клетка, ткива и органи бодови 12 – 20
Завршен испит Анатомија:
*Писмен дел бодови 18 – 30
**Практичен дел бодови 6 – 10
*Писмениот дел од завршниот испит го опфаќа материјалот од дигестивен, урогенитален, периферен, централен нервен систем, жлезди со внатрешно лачење и сетилни органи.
**Практичниот дел од завршниот испит опфаќа:
– препознавање и опис на анатомските елементи во состав на локомоторниот и периферниот нервен систем на изолирани коски и зглобови и на кадавери;
– препознавање и опис на органи и анатомски елементи во состав на респираторниот, кардиоваскуларниот, дигестивниот и урогениталниот систем на фиксирани препарати и кадавери.
Студентот е должен да освои минимум од предвидените бодови за секој дел одзавршниот испит, посебно, за да можат да му бидат впишани бодовите за завршниот испит. Во спротивно,завршниот испитсе смета за неположен.
За да добие потпис, студентот треба да освои минимум бодови од посета на теоретска и практична настава, како и изработка на семинарска работа
За да пристапи на завршен испит , студентот треба да ги положи континуираните проверки.
Доколку проверките не се положена во предвидената колоквиумска недела, студентот пристапува кон комплетен завршен испит кој претставува комбинација од тест од неположените проверки и завршен испит.
Оценката за предметот се формира според табелата на оценки, а врз основа на збирот на бодовите од сите активности, континуираните проверки и завршниот испит