Испитот се состои од анатомија и хистологија
- Две писмени континуирани проверки (колоквиуми): Анатомија: Коски, зглобови, мускули, крвни садови и органи на главата и вратот. Сетилни органи. бодови 15 – 25 Хистологија: хистолошка градба, ембрионален развиток и настанување на вродени аномалии на усната празнина, увото и горните респираторни патишта бодови 15 – 25
- Завршен испит анатомија:
*Писмен дел бодови 18 – 30
**Практичен дел бодови 6 – 10
*Писмениот дел од завршниот испит го опфаќа материјалот од периферен и централен нервен систем, анатомија на граден кош, стомак, карлица и екстремитети
**Практичниот дел од завршниот испит опфаќа:
– препознавање и опис на коски, мускули, крвни садови и органи на главата и вратот на изолирани коски, фиксирани препарати и кадавери;
– препознавање и опис на органи во состав на респираторниот систем содржани во градната празнина на кадавери и фиксирани препарати.
Студентот е должен да освои минимум од предвидените бодови за секој дел одзавршниот испит, посебно, за да можат да му бидат впишани бодовите за завршниот испит. Во спротивно,завршниот испитсе смета за неположен.
За да добие потпис, студентот треба да освои минимум бодови од посета на теоретска и практична настава, како и изработка на семинарска тема
За да пристапи на завршен испит , студентот треба да ги положи континуираните проверки.
Доколку проверките не се положена во предвидената колоквиумска недела, студентот пристапува кон комплетен завршен испит кој претставува комбинација од тест од неположените проверки и завршен испит.
Оценката за предметот се формира според табелата на оценки, а врз основа на збирот на бодовите од сите активности, континуираните проверки и завршниот испит