Организација на наставата

 

ПРЕГЛЕД НА ПРЕДМЕТОТ АНАТОМИЈА 1 ЗА СТУДЕНТИТЕ НА СТОМАТОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ

 Предметна програма од прв, втор и трет циклус на студии
1 Наслов на наставниот предмет Анатомија 1
2 Код ДАН105
3 Студиска програма Интегрирани студии од I и II циклус по дентална медицина
4 Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) УКИМ, Медицински факултет

Катедра  за анатомија

5 Степен (прв, втор, трет циклус) Интегрирани студии од I и II циклус
6 Академска година / семестар 1-ра година, I семестар 7 Број на ЕКТС кредити 7
7 Наставник Раководител на катедрата

проф. д-р Ј. Живадиновиќ

*наставата ја изведуваат сите членови на катедрата

8 Предуслови за запишување на предметот нема
9 Цели на предметната програма (компетенции):

·         Запознавање на анатомијата како природна, морфолошка наука и нејзиното значење во медицината.

·         Изучување на локомоторен систем.

·         Изучување на респираторен систем.

·         Изучување на кардиоваскуларен систем.

·         Изучување на дигестивен систем.

·         Изучување на урогенитален систем.

 

 

10 Содржина на предметната програма:
Предавања час
Вовед во анатомијата 1
Остеологија, синдезмологија, миологија, неврологија и ангиологија на горниот екстремитет 5
Остеологија, синдезмологија, миологија, неврологија и ангиологија на долниот екстремитет 5
Остеологија и синдезмологија на `рбетниот столб 1
Остеологија, синдезмологија, миологија, неврологија и ангиологија на ѕидовите на градниот кош 2
Миологија, неврологија и ангиологија на ѕидовите на стомакот 2
Миологија, неврологија и ангиологија на ѕидовите на карлицата 1
Топографска поделба на градната, стомачната и карличната празнина 1
Респираторен систем 2
Кардиоваскуларен систем 3
Дигестивен систем 3
Урогенитален систем 3
Ендокрин систем 1
Вкупно      30
Практична настава час
Вовед во анатомија 3
Коски и зглобови на горниот екстремитет 3
Коски и зглобови на долниот екстремитет 3
Коски и зглобови на граден кош и `рбетниот столб 3
Предни регии на горниот екстремитет 3
Задни регии на горниот екстремитет 3
Предни регии на долниот екстремитет 3
Задни регии на долниот екстремитет 3
Топографска анатомија на градниот кош (ѕидови и плевропулмонални простори) 3
Топографска анатомија на градниот кош (mediastinum) 3
Топографска анатомија на абдоменот (ѕидови) 3
Топографска анатомија на абдоменот (стомачна празнина) 3
Топографска анатомија на абдоменот (ретроперитонеален простор) 3
Топографска анатомија на карлицата (ѕидови и поделба на карличната празнина) 3
Топографска анатомија на карлицата (внатрешни и надворешни полови органи) 3
Вкупно      45
семинари час
0
11 Методи на учење: интерактивна настава (теоретска), работа во мали групи (вежби) и други облици предвидени со заедничките критериуми на ЕКТС
12 Вкупен расположив фонд на време 210 часа
13 Распределба на расположивото време Предавања-30 часа, вежби- 45, семинари 0, домашно учење и други форми на наставни активности- 135 часа
14 Форми на наставните активности 15.1. Предавања- теоретска настава 30 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
 

15

 

Други форми на активности

16.1. Проектни задачи
16.2. Самостојни задачи   30 часови
16.3. Домашно учење 105 часови
16 Начин на оценување 17.1. Континуирани проверки (колоквиуми) – 2 писмени:

  1. Остеологија, синдезмологија, миологија, неврологија и ангиологија на горен и долен екстремитет
  2. Ѕидови на градниот кош, кардиоваскуларен и респираторен систем

 

 Бодови      мин.-макс.

 

 

9-15

 

 

18-30

17.2. Активност и учество на предавања и вежби:

теоретска настава

практична настава

Семинарска работа (усна презентација)

бодови       мин.-макс.

 

1 – 2

4 – 6

1 – 2

17.3. Завршен испит

 

*Завршен тест

**Практичен (устен) дел

 

*Завршен тест: ѕидови на стомак и карлица, дигестивен и урогенитален систем.

 

**Практичен дел: регии од горен и долен екстремитет, граден кош, абдомен и карлица.

 

За да се впишат бодовите од завршниот испит, студентот е должен да освои минимум од предвидените бодови за секој дел од завршниот испит посебно. Во спротивно, испитот се смета за неположен.

 бодови      мин.-макс.

 

18 – 30

9 – 15

17  

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 59 бода 5 (пет) (F)
од  60 до  67 бода 6 (шест) (Е)
Од 68 до 75 бода 7 (седум) (D)
од 76 до 84 бода 8 (осум) (С)
од 85 до  93 бода 9 (девет) (В)
од 94 до  100 бода 10 (десет) (А)
18 Услов за потпис и полагање на завршен испит За да добие потпис, студентот треба да освои минимум бодови од посета на теоретска и практична настава и од учество во семинари.

За да пристапи на завршен испит, студентот треба да ги положи двете континуирани проверки.

Доколку проверките не се положени во предвидената колоквиумска недела, студентот пристапува кон комплетен завршен испит кој претставува комбинација од тест од неположените проверки и завршен испит.

Оценката за предметот се формира според табелата на оценки, а врз основа на збирот на бодовите од сите активности, континуираните проверки и завршниот испит.

19 Јазик на кој се изведува Македонски јазик
20 Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација од страна студентите, контрола на асистентите во изведување на практичната настава и проценка на постигнатиот успех на студентите, како и проодноста на студентите кои го положиле предметот
21 Литература
22.1. Задолжителна литература
Ред. бр. Автор Наслов Издавач Година
Зафирова Б, Живадиновиќ Ј, Матвеева Н, Папазова М, Чадиковска Е.

 

Aнатомија 1 за студентите од Стоматолошкиот факултет. Скопје:УКИМ, Медицински факултет; 2020
22.2. Дополнителна литература
Ред . бр. Автор Наслов Издавач Година
Мур КЛ, Дали АФ, Агур АМП. Клинички ориентирана анатомија. 6-то издание. Скопје:

Табернакул.

2011
Елис Х, Лога БМ, Диксон АК. Анатомија на човекот на пресеци. Скопје: Арс Ламина ДОО. 2011
Папазова М, Лазарова Д, Живадиновиќ Ј. Периферен нервен систем – клиничка анатомија. Скопје:

МАРИВ-С.

2009
Атлас по избор на студентот

ПРОГРАМА
ЗА ТЕОРЕТСКА НАСТАВА ЗА ПРЕДМЕТОТ АНАТОМИЈА 1 ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ

1. Вовед во анатомија

2. Остеологија – општ дел
Остеологија на горниот екстремитет
– клучна коска (clavicula)
– лопатка (scapula)
– рамена коска (humerus)
– радиус (radius)
– лакотна коска (ulna)
– коски на шаката (ossa manus)

3. Синдезмологија – општ дел
Зглобови на горниот екстремитет
– зглобови на рамениот појас
– рамен зглоб (art. humeri)
– зглоб на лактот (art. cubiti)
– зглобови на шаката (artt. manus)

4. Миологија – општ дел
Мускули на горниот екстремитет
– мускули на рамото
– мускули на надлактот
– мускули на подлактот
– мускули на шаката
Фасции на горниот екстремитет
Коскено-фиброзни канали и слузни обвивки на тетивите на мускулите

5. Ангиологија – општ дел
Крвни и лимфни садови на горниот екстремитет
Артерии на горниот екстремитет
– пазувна артерија (a. axillaris)
– надлакотна артерија (a. brachialis)
– лакотна артерија (a. ulnaris)
– радијална артерија (a. radialis)
– површински дланкин лак (arcus palmaris superficialis)
– длабок дланкин лак (arcus palmaris profundus)
Вени на горниот екстремитет
Лимфни садови и лимфни јазли на горниот екстремитет

6. Неврологија – општ дел
Нерви на горниот екстремитет
– рамен сплет ( plexus brachialis)

7. Остеологија на долниот екстремитет
– карлична коска (os coxae)
– бутна коска (femur)
– голеница (tibia)
– лисница (fibula)
– коски на стапалото (ossa pedis)

8. Зглобови на долниот екстремитет
– зглоб на колкот (art. coxae)
– зглоб на коленото (art. genus)
– зглобови на стапалото (artt. pedis)

9. Мускули на долниот екстремитет
– мускули на колкот
– мускули на надколеницата
– мускули на потколеницата
– мускули на стапалото
Фасции на долниот екстремитет
Коскено-фиброзни канали и слузни обвивки на тетивите на мускулите

10. Крвни и лимфни садови на долниот екстремитет
Артерии на долниот екстремитет
– бутна артерија (a. femoralis)
– затколена артерија (a. poplitea)
– предна тибијална артерија (a. tibialis anterior)
– задна тибијална артерија (a. tibialis posterior)
Вени на долниот екстремитет
Лимфни садови и лимфни јазли на долниот екстремитет

11. Нерви на долниот екстремитет
– слабински сплет (plexus lumbalis)
– крсен сплет (plexus sacralis)

12. Граден кош (thorax)
Топографска анатомија на градниот кош

Остеологија и синдезмологија на `рбетниот столб
`Рбетен столб (columna vertebralis)
– прешлени (vertebrae)
– крстна коска (os sacrum)
– опашна коска (os coccygis)

13. Коски на градниот кош
– градна коска (sternum)
– ребра (costae)
Зглобови на `рбетниот столб
Зглобови на градниот кош

14. Мускули на ѕидовите од градниоткош
– меѓуребрени мускули (mm. intercostales)
– дијафрагма (diaphragma)
Крвни садови и нерви на ѕидовите од градниоткош

15. Празнина на градниот кош (cavitas thoracis)
Средоградие (mediastinum)
– големи крвни садови
– лимфни садови и јазли
– автономен нервен систем на градниот кош
– градна жлезда (thymus)
– хранопровод (esophagus)

16. – автономен нервен систем на градниот кош
– градна жлезда (thymus)
– хранопровод (esophagus)

17. Органи во градниот кош од респираторен систем
– душник (trachea)
– главна дишница (bronchus principalis)

18. Органи во градниот кош од респираторен систем
– бели дробови (pulmones)
– плевра (pleura)

19. Органи во градниот кош од кардиоваскуларен систем
– срце (cor)

20. – срце (cor)
– срцево кесе (pericardium)

21. Абдомен
Топографска анатомија на стомакот
– ѕидови на стомакот
– стомачна празнина (cavitas abdominis)
Преднобочен абдоминален ѕид
– Мускули и апоневротични творби
Заден абдоминален ѕид
Крвни садови, нерви и лимфатици на ѕидовите на абдоменот

22. Артериски и венски садови на абдоменот
Лимфни садови и лимфни јазли на абдоменот
Нерви на абдоменот
Перитонеум (peritoneum)

23. Органи во абдоменот
– желудник (gaster)
– тенко црево (intestinum tenuae)
– дебело црево (intestinum crassum)

24. Органи во абдоменот
– црн дроб (hepar) и жолчни патишта
– панкреас (pancreas)
– слезина (lien)

25. Ретроперитонеален простор
– бубрег (ren)
– изводни уринарни патишта на бубрегот
– уретер (ureter)

26. Карлица (pelvis)
Ѕидови на карлицата
Перитонеум на карлицата
Меѓичка (perineum)
Васкуларизација, лимфна дренажа и инервација на карлицата
Васкуларизација, лимфна дренажа и инервација на перинеум

27. Органи на карлица
– карличен дел на уринарни патишта
– мочен меур (vesica urinaria)
– простата (prostate)
– уретра (urethra)

28. Машки полови органи
– тестис (testis)
– епидидимис (epididymis)
– семевод, семена врвка, парадидимис и ејакулаторен канал
– помошни жлезди на машкиот полов систем
– надворешни машки гениталии
– пенис (penis)
– мадно кесе (scrotum)

29. Женски полови органи
Долен генитален тракт
– вулва
– mons pubis (срамно брекче)
– големи усни на срамницата (labia majora)
– мали усни на срамницата (labia minora)
– трем на вагината (vestibulum vaginae)
– дразница (clitoris)
– луковица на тремот (bulbus vestibuli)
– тремни жлезди (gll. vestibulares majores, бартолиниеви жлезди)
– родница (vagina)
Горен генитален тракт
– матка (uterus)
– јајцевод (tuba uterina s. fallopio)
– јајчник (оvarium)

30. Завршен дел на дигестивен систем
– право црево (rectum)
– анален канал (canalis analis)
– мускули на canalis analis
– внатрешен сфинктер на анусот (m. sphincter ani internus)
– спојнички лонгитудинален мускул
– надворешен сфинктер на анусот (m. sphincter ani externus)

ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА

1. Вовед во анатомија

2. Остеологија на горниот екстремитет

– клучна коска (clavicula)

– лопатка (scapula)

– рамена коска (humerus)

– радиус (radius)

– лакотна коска (ulna)

– коски на шаката (ossa manus)

3. Зглобови на горниот екстремитет

– зглобови на рамениот појас

– рамен зглоб (art. humeri)

– зглоб на лактот (art. cubiti)

– зглобови на шаката (artt. manus)

4. Остеологија на долниот екстремитет

– карлична коска (os coxae)

– бутна коска (femur)

– голеница (tibia)

– лисница (fibula)

– коски на стапалото (ossa pedis)

5. зглоб на колкот (art. coxae)

– зглоб на коленото (art. genus)

– зглобови на стапалото (artt. pedis)

6. Регии на горниот  екстремитет

Предни регии на горниот  екстремитет

– пазувен предел (fossa axillaris)

– преден предел на надлактот (regio brachii anterior)

– преден предел на подлактот (regio antebrachii anterior)

Задни регии на горниот екстремитет

– лопаткин предел (regio scapularis)

– заден предел на надлактот (regio brachii posterior)

– заден предел на подлактот (regio antebrachii posterior)

6. Регии на долниот екстремитет

Предни регии на долниот екстремитет

– преден предел на натколеницата (regio femoris anterior)

– преден предел на потколеницата (regio cruris anterior)

Задни регии на долниот екстремитет

– седален предел (regio glutea)

– заден предел на натколеницата (regio femoris posterior)

– заден предел на потколеницата (regio cruris posterior)

7. Ѕидови на граден кош

8. Респираторен систем

9. Кардиоваскуларен систем

10. Дигестивен систем

11. Урогенитален систем

12. Топографска анатомија на градниот кош

– ѕидови на градниот кош

– плевропулмонални простори

– преден  медијастинум (mediastinum anterius)

– заден медијастинум (mediastinum  posterius)

13. Топографска анатомија на стомак

– ѕидови на стомакот

– стомачна празнина (cavum abdominis)

– надмезоколичен кат (situs abdominis superior)

– подмезоколичен кат (situs abdominis inferior)

– ретроперитонеален простор (spatium retroperitoneale)

14. Топографска анатомија на карлица

– ѕидови на карлица

– поделба на карлична празнина

15. Машки и женски полови органи