Испитот анатомија 1 се состои од:
- Две континуирани проверки
- Завршен испит
1. Континуирани проверки (колоквиуми) 2 писмени:
- Остеологија, синдезмологија, миологија, неврологија и ангиологија на горен и долен екстремитет 9-15 бодови
- Ѕидови на градниот кош, кардиоваскуларен и респираторен систем 18-30 бодови
- Завршниот испит се состои од:
- Писмен дел (завршен тест) 18-30 бодови
- Практичен дел 9-15 бодови
- Писмениот дел од завршниот испит го опфаќа материјалот од ѕидови на стомак и карлица, дигестивен и урогенитален систем.
- Практичниот дел од завршниот испит ги опфаќа региите горен и долен екстремитет, граден кош, абдомен и карлица.
- За да пристапи на завршен испит, студентот треба да ги положи двете континуирани проверки.
- Доколку проверките не се положени во предвидената колоквиумска недела, студентот пристапува кон комплетен завршен испит кој претставува комбинација од тест од неположените проверки и завршен испит.
- За да се впишат бодовите од завршниот испит, студентот е должен да освои минимум од предвидените бодови за секој дел од завршниот испит посебно. Во спротивно, испитот се смета за неположен.
- Оценката за предметот се формира според табелата на оценки, а врз основа на збирот на бодовите од сите активности, континуираните проверки и завршниот испит.