Информации за полагање на испитот

 Испитот анатомија 1 се состои од:

  1. Три усмени континуирани проверки
  2. Завршен испит

Континуирани проверки (колоквиуми) 3*   бодови           45 -75

  1. Остеологија, синдезмологија, миологија, ангиологија и неврологија на горниот екстремитет. 15 – 25 бодови
  2. Остеологија, синдезмологија, миологија, ангиологија и неврологија на долниот екстремитет      Остеологија и синдезмологија на карлица.                                                                                                             15 – 25 бодови
  1. Остеологија и синдезмологија на аксијален скелет (глава, граден кош и `рбетен столб).                 15 – 25  бодови

*Секоја континуирана проверка се состои од писмен и устен дел.                                                     Писмениот дел се бодува од 6-10 бода, а усниот од 9-15 бода.                                                                   Усниот дел се состои од 5 прашања (секое носи од 1,5 до 3 бода) со кои се испрашува интегративното знаење на студентот. Остеологија и синдезмологија се испрашуваат на препарати.

За да можат да му бидат впишани бодовите за континуираниата проверка, студентот е должен да освои минимум  од предвидените бодови за секој дел од проверката. Во спротивно, континуираниата проверка се смета за неположена.

мин.-макс.

*Практичен дел             бодови              9-15

Практичниот дел од завршниот испит ги опфаќа топографските регии на горниот и долниот екстремитет и се изведува на кадавери.

За да пристапи на завршен испит, студентот треба да ги положи трите континуирани проверки. Проверките што не биле положени во предвидените колоквиумски недели треба да се положат пред пристапување на завршниот испит, во термин договорен со Катедрата (прв термин од испитната сесија).