Информации за полагање на испитот

Испитот анатомија 1 се состои од:

  1. Две континуирани проверки
  2. Завршен испит

1. Континуирани проверки (колоквиуми) 2 писмени:

  • Локомоторен систем                                                                               9-15 бодови
  • Коски на глава и зглобови на глава и врат.                               9-15 бодови

 

  1. Завршниот испит се состои од:
    • Писмен дел (завршен тест)                                                          24-40 бодови
    • Практичен дел                                                                                       12-20 бодови

 

  • Писмениот дел од завршниот испит го опфаќа материјалот од респираторен, кардиоваскуларен, дигестивен и урогенитален систем.
  • Практичниот дел од завршниот испит ги опфаќа региите од горен и долен екстремитет, граден кош, абдомен и карлица.
  • За да пристапи на завршен испит, студентот треба да ги положи двете континуирани проверки.
  • Доколку проверките не се положени во предвидената колоквиумска недела, студентот пристапува кон комплетен завршен испит кој претставува комбинација од тест од неположените проверки и завршен испит.
  • За да се впишат бодовите од завршниот испит, студентот е должен да освои минимум од предвидените бодови за секој дел од завршниот испит посебно. Во спротивно, испитот се смета за неположен.
  • Оценката за предметот се формира според табелата на оценки, а врз основа на збирот на бодовите од сите активности, континуираните проверки и завршниот испит.