Организација на наставата

ПРЕГЛЕД НА ПРЕДМЕТОТ АНАТОМИЈА 3 ЗА СТУДЕНТИТЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО УЧЕБНАТА 2020/2021г

1. Наслов на наставниот предмет АНАТОМИЈА 3
2. Код ОМ-211
3. Студиска програма Општа медицина
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) УКИМ – Медицински факултет

Катедра по анатомија

5. Степен на образование (прв односно втор циклус) Интегриран циклус
6.

 

Академска година/семестар

 

Втора/III 7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник Раководител на катедрата

проф. д-р Ј. Живадиновиќ

*наставата ја изведуваат сите членови на катедрата

9. Предуслови за запишување на предметот Положена анатомија 2
10. Цели на предметната програма:

·         Изучување на морфолошките и структурните елементи на главата и вратот.

·         Изучување на топографската анатомија на главата и вратот.

·         Изучување на мускулите, фасциите, крвните, лимните садови, нервите и органите на главата и вратот.

·         Изучување на градбата на сетилoтo за вид и сетилото за слух и рамнотежа.

·         Изучување на морфологијата, структурата и значењето на деловите на централниот нервен систем (ЦНС).

11. Содржина на предметната програма:

Теоретска настава:

·         Миологија, неврологија и ангиологија на главата и вратот.

·         Органи на главата и вратот.

·         Делови на ЦНС.

·         Патишта на ЦНС.

·         Васкуларизација на ЦНС.

·         Цереброспинална течност.

·         Сетила: сетилo за вид и сетило за слух и рамнотежа.

Практична настава:

·         Топографска анатомија на главата и вратот.

·         Препознавање и утврдување на деловите на ЦНС на фиксирани препарати.

12. Методи на учење: Интерактивни предавања, вежби, семинари
13. Вкупен расположив фонд на време 180 часови
14. Распределба на распложивото време 90 часови предавања, вежби.

90 часови домашно учење

15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања-теоретска настава 45 часови
15.2. Вежби,

Семинари

45 часови
16. Други форми на активности 16.1. Пракса
16.2. Самостојни задачи
16.3. Домашно учење 90 часови
17. Начин на оценување                                                                                                    бодови
17.1 Континуирани проверки

 

                                                           мин.-макс.

Континуирани проверки (колоквиуми)  1:

 1. Миологија, ангиологија и неврологија на главата и вратот                бодови          12-20

17.2 Завршен испит                                                            мин.-макс.

*Писмен дел                     бодови            12-20

**Практичен дел              бодови            12-20

***Устен дел                    бодови            18-30

*Писмениот дел од завршниот испит го опфаќа материјалот од органите на главата и вратот, сетилни органи и ЦНС.

**Практичниот дел од завршниот испит ги опфаќа топографските регии од главата и вратот.

***Усмениот дел од завршниот испит (интегративен) се состои од 6 прашања (секое носи од 3 до 5 бода) со кои се испрашува интегративното знаење кое е битно за разбирање на целината на предметот и медицинската практика.

Студентот е должен да освои минимум  од предвидените бодови за секој дел од завршниот испит посебно, за да можат да му бидат впишани бодовите за завршниот испит. Во спротивно, завршниот испит се смета за  неположен.

17.3 Семинарска работа/проект (презентација: усна)                                                                          мин.-макс.

бодови         1-2

17.4 Активно учество                                                                          мин.-макс.

Теоретска настава                бодови         1-2

Практична настава               бодови         4-6

18. Критериуми за оценување (бодови/оценка)

 

до 59 бода 5 (пет) F
од 60 до 68 бода 6 (шест) E
од 69 до 76 бода 7 (седум) D
од 77 до 84 бода 8 (осум) C
од 85 до 92 бода 9 (девет) B
од 93 до 100 бода 10 (десет) A
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит За да добие потпис, студентот треба да освои минимум бодови од посета на теоретска и практична настава и од учество во семинари.

За да пристапи на завршен испит, студентот треба да ја положи  континуираната проверка. Доколку проверката не била положена во предвидената колоквиумска недела, треба да се положи пред пристапување на завршниот испит, во термин договорен со Катедрата.

Оценката за предметот се формира според табелата на оценки, а врз основа на збирот на бодовите од сите активности, континуираните проверки и завршниот испит.

20. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата Студентска анонимна евалуација за предметот, наставниците и соработниците кои ушествуваат во изведувањето на наставата.
22. Литература
22.1. Задолжителна литература
1. Папазова М, Живадиновиќ Ј, Матвеева Н, Зафирова Б,  Чадиковска Е. Анатомија 3 за студентите од општа медицина

Скопје: УКИМ, Медицински факултет; 2019.

22.2. Дополнителна литература
1. Мур КЛ, Дали АФ, Агур АМП. Клинички ориентирана анатомија. 6-тоиздание. Скопје:Табернакул; 2011.
2. Анатомски атлас на човекот
3. Елис Х, Лога БМ, Диксон АК. Анатомија на човекот на пресеци. Скопје: Арс Ламина ДОО; 2011.
4. Папазова М, Лазарова Д, Живадиновиќ Ј. Периферен нервен систем – клиничка анатомија. Скопје: МАРИВ-С; 2009.
5. Папазова М, Живадиновиќ Ј, Нетковски Ј. Клиничка анатомија на органот за слух и рамнотежа. Скопје: УКИМ, Медицински факултет; 2014.
6. Папазова М, Живадиновиќ Ј, Нетковски Ј. Клиничка анатомија на носот. Скопје: УКИМ, Медицински факултет; 2016.
7. Папазова М, Лазарова Д, Живадиновиќ Ј. Васкуларизација на мозокот. Скопје: УКИМ, Медицински факултет; 2010.

 

ПРОГРАМА ЗА ТЕОРЕТСКА НАСТАВА ПО ПРЕДМЕТОТ АНАТОМИЈА 3

ЧАС СОДРЖИНА
 1.  Вовед во анатомија на главата и вратот
 2.  Мускули на главата и вратот

–       поткожни (мимични) мускули на главата

–       поткожни вратни мускули (platysma)

–       мускули за џвакање (mm. masticatorii)

 3.  Мускули на главата и вратот

–       стерноклеидомастоиден мускул (m. sternocleidomastoideus)

–       натхиоидни мускули (mm. suprahyoidei)

–       потхиоидни мускули (mm. infrahyoidei)

 4.  Мускули на главата и вратот

–       скаленски мускули (mm. scaleni)

–       предрбетни мускули (mm. prevertebrales)

–       задни мускули на вратот

 5.  Фасции на главата и вратот

–       фасции на главата

–       фасции на вратот

–       меѓуфасцијални простори на вратот

 6.  Артерии на главата и вратот

–       заедничка каротидна артерија (a. carotis communis)

–       надворешна каротидна артерија (a. carotis externa)

 7.  Артерии на главата и вратот

–       внатрешна каротидна артерија (a. carotis interna)

–       потклучна артерија (a. subclavia)

 8.  Вени на главата и вратот

–       внатрешна југуларна вена (v. jugularis interna)

–       синуси на dura mater (sinus durae matris)

–       надворешна и предна југуларна вена (v. jugularis ext. et ant.)

–       лимфен систем на главата и вратот

 9. Нерви на главата и вратот

–       мозочни или черепни нерви (nn. craniales)-општо

–       мирисни нерви (nn. olfactorii)

–       оптички нерв (n. opticus)

–       очнодвигателен нерв (n. oculomotorius)

–       трохлеарен нерв (n. trochlearis)

 10.  Нерви на главата и вратот

–       тригеминален нерв (n. trigeminus)

–       офталмичен нерв (n. ophtalmicus)

–       цилијарен ганглион (ganglion ciliare)

 11.  Нерви на главата и вратот

–    горновиличен нерв (n. maxillaris)

–    птеригопалатински ганглион (ganglion pterygopalatinum)

 12.  Нерви на главата и вратот

–       долновиличен нерв (n. mandibularis)

–       отичен ганглион (ganglion oticum)

 13.  Нерви на главата и вратот

–       очен абдукторен нерв (n. abducens)

–      лицев нерв (n. facialis)

–       вестибулокохлеарен нерв (n. vestibulocochlearis)

 14.  Нерви на главата и вратот

–       јазичноголтников нерв (n.glossopharyngeus)

–       нерв луталник (n. vagus)

–       помошен нерв (n. accessorius)

 15.  Нерви на главата и вратот

–       подјазичен нерв (n. hypoglossus)

–       вратен нервен сплет (plexus cervicalis)

–       задни гранки од вратните нерви (rr.dorsales nn. cervicalium)

–       симпатикус на главата и вратот

 16.  Органи на главата и вратот

–       усна празнина (cavum oris)

–       јазик (lingua)

–       голтниково стеснување (isthmus faucium)

–       непцев крајник (tonsilla palatina)

 17.  Органи на главата и вратот

–    плунковни жлезди на усната празнина (glandulae oris)

 18.  Органи на главата и вратот

–       голтник (pharynx)

 19.  Органи на главата и вратот

–       надворешен нос (nasus externus)

–       носна празнина (cavum nasi )

–       параназални синуси (sinus paranasales)

 20.  Органи на главата и вратот

–       грклан  (larynx)

 21.  Органи на главата и вратот

–       грклан  (larynx)

 22.  Органи на главата и вратот

–       штитна жлезда (glandula thyroidea)

–       паратироидни жлезди  (glandulae parathyroideae)

–       каротидно клопче (glomus caroticus)

 23.  Орган за вид

–       очно јаболко (bulbus oculi)

–       фиброзна обвивка на очното јаболко (tunica fibrosa bulbi)

 24.  Орган за вид

–       садовна обвивка на очното јаболко (tunica vaskulosa bulbi)

 25.  Орган за вид

–       внатрешна обвивка на очното јаболко (tunica interna bulbi)

 26. Орган за вид

–       содржина на очното јаболко

–       помошни органи на окото (organa oculi accessoria)

 27.  Сетило за слух и рамнотежа

–       надворешно уво (auris externa)

 28.  Сетило за слух и рамнотежа

–       средно уво (auris media)

 29.  Сетило за слух и рамнотежа

–       внатрешно уво (auris interna)

 30.  Орган за вкус

Орган за мирис

Кожа

 31.  Централен нервен систем

–       вовед, градба и поделба

`Рбетен мозок (medulla spinalis)

 32.  Централен нервен систем

Рбетен мозок (medulla spinalis)

 33.  Централен нервен систем

Мозочно стебло (truncus cerebri)

–       поделба, делови, градба

 34.  Централен нервен систем

Мозочно стебло (truncus cerebri)

–       продолжен мозок (medulla oblongata)

–       мост (pons)

35. Централен нервен систем

Мозочно стебло (truncus cerebri)

–       среден мозок (mesencephalon)

 36.  Централен нервен систем

Мал мозок (cerebellum)

 37.  Централен нервен систем

Меѓумозок (diencephalon)

 38.  Централен нервен систем

Меѓумозок (diencephalon)

 39.  Централен нервен систем

Голем мозок (telencephalon)

–       мозочни хемисфери (hemispheria cerebri)

–       мозочна кора (cortex cerebri)

–       надворешен изглед на мозочните  хемисфери

 40.  Централен нервен систем

Голем мозок (telencephalon)

–       градба на мозочната кора

–       функционални зони на мозочната кора

–       лимбички систем

 41.  Централен нервен систем

Голем мозок (telencephalon)

–       базални или субкортикални јадра (nuclei basales)

–       бела маса на големиот мозок

–       комисури на големиот мозок

Патишта на централниот нервен систем

 42.  Централен нервен систем

Патишта на централниот нервен систем

–       моторни патишта

 43.  Централен нервен систем

Патишта на централниот нервен систем

–        сензитивни патишта

 44  Централен нервен систем

Патишта на централниот нервен систем

–       сензорни патишта

 45.  Централен нервен систем

Мозочници

Мозочни комори

Крвни садови на централниот нервен систем

 

 

ПРОГРАМА  ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ЗА ПРЕДМЕТОТ АНАТОМИЈА 3  НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ 

ДАТА СОДРЖИНА
12-16. 10. 2020 I.

КОСКИ НА ГЛАВАТА (повторување)

II.

МУСКУЛИ И ФАСЦИИ НА ГЛАВАТА И ВРАТОТ

–       поткожни (мимични) мускули на главата

–       поткожни вратни мускули (platysma)

–       мускули за џвакање (mm. masticatorii)

–       стерноклеидомастоиден мускул (m. sternocleidomastoideus)

–       натхиоидни мускули (mm. suprahyoidei)

–       потхиоидни мускули (mm. infrahyoidei)

–       скаленски мускули (mm. scaleni)

–       предрбетни мускули (mm. prevertebrales)

–       задни мускули на вратот

–       фасции и меѓуфасцијални простори на главата и вратот

19-12. 10. 2020 III.

АРТЕРИИ, ВЕНИ И ЛИМФАТИЦИ НА ГЛАВАТА И ВРАТОТ

–       заедничка каротидна артерија (a. carotis communis)

–       надворешна каротидна артерија (a. carotis externa)

–       внатрешна каротидна артерија (a. carotis interna)

–      потклучна артерија (a. subclavia)

–       внатрешна југуларна вена (v. jugularis interna)

–       синуси на dura mater (sinus durae matris)

–       надворешна и предна југуларна вена (v. jugularis ext. et ant.)

–      потклучна вена (v. subclavia)

–       лимфен систем на главата и вратот

 

26-30. 10. 2020 IV.  

НЕРВИ НА ГЛАВАТА И ВРАТОТ

–       мирисни нерви (nn. olfactorii)

–       оптички нерв (n. opticus)

–       очнодвигателен нерв (n. oculomotorius)

–       трохлеарен нерв (n. trochlearis)

–       тригеминален нерв (n. trigeminus)

–       очен абдукторен нерв (n. abducens)

 

I. КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА
16-20.11.2020 V.  

НЕРВИ НА ГЛАВАТА И ВРАТОТ

–       лицев нерв (n. facialis)

–       вестибулокохлеарен нерв (n. vestibulocochlearis)

–       јазичноголтников нерв (n.glossopharyngeus)

–       нерв луталник (n. vagus)

–       помошен нерв (n. accessorius)

–       подјазичен нерв (n. hypoglossus)

–       вратен нервен сплет (plexus cervicalis)

–       задни гранки од вратните нерви (rr.dorsales nn. cervicalium)

–       симпатикус на главата и вратот

 

14-18.12.2020 VI.

ТОПОГРАФСКА ПОДЕЛБА НА ГЛАВАТА И ВРАТОТ

 

1.      ТОПОГРАФСКА АНАТОМИЈА НА ГЛАВАТА

А. ЦЕРЕБРАЛЕН ДЕЛ НА ГЛАВАТА

–       Свод на черепот (epicranium)

–       Слепоочна регија (regio temporalis)

–       Внатрешна површина на базата на черепот

–       Надворешна површина на базата на черепот

–       Потслепоочна регија (regio infratemporalis)

потслепоочна јама (fossa infratemporalis)

крилестонепчена јама (fossa pterygopalatina)

–       Парафарингеален простор (spatium parapharyngeum)

претстилоиден простор (spatium prestyloideum)

затстилоиден простор (spatium retrostyloideum)

–       Ретрофарингеален простор (spatium retropharyngeum)

 

 

    VII.

 Б. ЛИЦЕВ ДЕЛ НА ГЛАВАТА

–        Орбитална регија (regio orbitalis)

–        Регија на носот (regio nasalis)

–        Усна регија (regio oralis)

–        Регија на брадата (regio mentalis)

–        Регија на образот (regio buccalis) и

инфраорбитална регија (regio infraorbitalis)

–        Јаболчна регија (regio zygomatica)

–        Паротидна регија (regio parotidea)

–        Краниометриска топографија

VIII.

2.      ТОПОГРАФСКА АНАТОМИЈА НА ВРАТОТ

 

–       Предна регија на вратот (regio colli anterior)

– подбраден триаголник (trigonum submentale)

– подвиличен триаголник (trigonum submandibulare)

– каротиден триаголник (trigonum caroticum)

– мускулен триаголник (trigonum musculare)

   Стерноклеидомастоидна регија (regio sternocleidomastoidea)

– скаленовертебрален триаголник

(trigonum scalenovertebrale)

–       Бочна регија на вратот (regio colli lateralis)

– омоклавикуларен триаголник (trigonum omoclaviculare)

– омотрапезоиден триаголник (trigonum omotrapezoideum)

     –     Задна регија на вратот (regio colli posterior)

–  cубокципитален триаголник (trigonum suboccipitale- Arnold)

 

II. КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА 4.12.2020

I  Колоквиум од Анатомија 3: мускули, фасции, крвни и лимфни садови и нерви на главата и вратот

23-27.11.2020 IX.

 Усна празнина (cavum oris)

 

X.

Органски простор на вратот (spatium viscerale colli)

–       голтник (pharynx)

–       парафарингеален простор (spatium parapharyngeum)

–       ретрофарингеален простор (spatium retropharyngeum)

 

XI.

Органски простор на вратот (spatium viscerale colli)

–       грклан  (larynx)

 

III. КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА

 

21-25.12.2020 XII.

Сетила

 

XIII.

Вежби од централен нервен систем

–       морфологија на рбетен мозок (medulla spinalis)

–       морфологија на мозочно стебло (truncus encephalicus)

–       морфологија на мал мозок (cerebellum)

–       меѓумозок (diencephalon)

 

XIV.

Вежби од централен нервен систем

–       морфологија на голем мозок  (telencephalon)

–       мозочни комори