Организација на наставата

1. Наслов на наставниот предмет АНАТОМИЈА 1
2. Код ОМ-111
3. Студиска програма Општа медицина
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) УКИМ – Медицински факултет

Катедра по анатомија

5. Степен на образование (прв односно втор циклус) Интегриран циклус
6.

 

Академска година/семестар

 

Прва/I 7. Број на ЕКТС кредити 9
8. Наставник Раководител на катедрата

проф. д-р Ј. Живадиновиќ

*наставата ја изведуваат сите членови на катедрата

9. Предуслови за запишување на предметот нема
10. Цели на предметната програма:

·         Запознавање на анатомијата како природна, морфолошка наука и нејзиното значење во медицината.

·         Изучување со остеологија и синдезмологија на екстремитетите, трупот и главата.

·         Изучување на миологија, ангиологија и неврологија на екстремитетите.

·         Детално познавање на топографските регии на екстремитетите.

 

11. Содржина на предметната програма:

Теоретска настава:

·         Вовед во анатомијата, видови анатомии и значење на анатомијата.

·         Општа анатомија: вовед во остеологија, синдезмологија, миологија, неврологија и ангиологија.

·         Остеологија, синдезмологија, миологија, неврологија и ангиологија на горен и долен екстремитет

·         Остеологија и синдезмологија на труп.

·         Остеологија и синдезмологија на глава.

Практична настава:

·         Вежбање на одделни коски од екстремитети, труп и глава.

·         Вежбање на зглобови на екстремитети, труп и глава.

·         Топографска анатомија на екстремитетите, регии и нивна содржина.

12. Методи на учење: Интерактивни предавања, вежби, семинари
13. Вкупен расположив фонд на време 270 часови
14. Распределба на распложивото време 90 часови предавања, вежби и семинари

180 часови домашно учење

15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања-теоретска настава 45 часови
15.2. Вежби,

Семинари

45 часови
16. Други форми на активности 16.1. Пракса
16.2. Самостојни задачи
16.3. Домашно учење 180 часови
17. Начин на оценување                                                                                                   бодови
17.1 Континуирани проверки                                                          мин.-макс.

Континуирани проверки (колоквиуми) 3*

бодови           45 -75

1. Остеологија, синдезмологија, миологија, ангиологија и неврологија на горниот екстремитет.                                           15 – 25

2. Остеологија, синдезмологија, миологија, ангиологија и неврологија на долниот екстремитет.                                           15 – 25

Остеологија и синдезмологија на карлица.

3. Остеологија и синдезмологија на аксијален скелет (глава, граден кош и `рбетен столб).                                       15 – 25

 

*Секоја континуирана проверка се состои од писмен и устен дел. Писмениот дел се бодува од 6-10 бода, а усниот од 9-15 бода. Усниот дел се состои од 5 прашања (секое носи од 1,5 до 3 бода) со кои се испрашува интегративното знаење на студентот. Остеологија и синдезмологија се испрашуваат на препарати.

За да можат да му бидат впишани бодовите за континуираниата проверка, студентот е должен да освои минимум  од предвидените бодови за секој дел од проверката. Во спротивно, континуираниата проверка се смета за неположена.

 

17.2 Завршен испит                                                            мин.-макс.

*Практичен дел             бодови              9-15

Практичниот дел од завршниот испит ги опфаќа топографските регии на горниот и долниот екстремитет и се изведува на кадавери.

За да пристапи на завршен испит, студентот треба да ги положи трите континуирани проверки. Проверките што не биле положени во предвидените колоквиумски недели треба да се положат пред пристапување на завршниот испит, во термин договорен со Катедрата.

 

17.3 Семинарска работа/проект (презентација: усна)     мин.-макс.                        бодови             1-2

 

17.4 Активно учество     мин.-макс.

Теоретска настава                бодови            1-2

Практична настава               бодови            4-6

18. Критериуми за оценување (бодови/оценка)

 

до 59 бода 5 (пет) F
од 60 до 68 бода 6 (шест) E
од 69 до 76 бода 7 (седум) D
од 77 до 84 бода 8 (осум) C
од 85 до 92 бода 9 (девет) B
од 93 до 100 бода 10 (десет) A
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит За да добие потпис, студентот треба да освои минимум бодови од посета на теоретска и практична настава, како и за учество на семинари.

За да пристапи на завршен испит, студентот треба да ги положи трите континуирани проверки. Проверките што не биле положени во предвидените колоквиумски недели треба да се положат пред пристапување на завршниот испит, во термин договорен со Катедрата.

Оценката за предметот се формира според табелата на оценки, а врз основа на збирот на бодовите од сите активности, континуираните проверки и завршниот испит.

 

20. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата Студентска анонимна евалуација за предметот, наставниците и соработниците кои ушествуваат во изведувањето на наставата.
22. Литература
22.1. Задолжителна литература
1. Матвеева Н, Живадиновиќ Ј, Папазова М, Зафирова Б, Чадиковска Е. Анатомија 1 за студентите од општа медицина. Скопје: УКИМ, Медицински факултет; 2019.
22.2. Дополнителна литература
1. Мур КЛ, Дали АФ, Агур АМП. Клиничкиориентиранаанатомија. 6-тоиздание. Скопје:Табернакул; 2011.
2. Анатомски атлас на човекот
3. Елис Х, Лога БМ, Диксон АК. Анатомија на човекот на пресеци. Скопје: Арс Ламина ДОО; 2011.
4. Папазова М, Лазарова Д, Живадиновиќ Ј. Периферен нервен систем – клиничка анатомија. Скопје: МАРИВ-С; 2009.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

ЗА ТЕОРЕТСКА НАСТАВА ЗА ПРЕДМЕТОТ АНАТОМИЈА 1

ЧАС СОДРЖИНА
                   1. Вовед во анатомија

Остеологија – општ дел

 

2.

Коски на горниот екстремитет

Коски на рамениот појас

–       клучна коска (clavicula)

–       лопатка (scapula)

 

3.

Коски на горниот екстремитет

Коски на подвижниот дел на раката

–       рамена коска (humerus)

–       радиус (radius)

 

4.

Коски на горниот екстремитет

Коски на подвижниот дел на раката

–       лакотна коска (ulna)

–       коски на шаката (ossa manus)

 

5.

Синдезмологија – општ дел

–       неподвижни зглобови (синартрози)

–       подвижни зглобови (диартрози)

 

6.

Зглобови на горниот екстремитет

–       зглобови на рамениот појас

–       рамен зглоб (art. humeri)

 

7.

Зглобови на горниот екстремитет

–       зглоб на лактот (art. cubiti)

–       зглобови на коските од подлактот

–       зглобови на шаката (artt. manus)

8. Миологија – општ дел
 

9.

Мускули на горниот екстремитет

–       мускули на рамото

–       мускули на надлактот

 

10.

Мускули на горниот екстремитет

–       мускули на подлактот

–       мускули на шаката

11. Фасции на горниот екстремитет
 

12.

Ангиологија – општ дел

Артерии на горниот екстремитет

–       пазувна артерија (a. axillaris)

 

13.

Артерии на горниот екстремитет

–       надлакотна артерија (a. brachialis)

–       лакотна артерија (a. ulnaris)

–       површински дланкин лак (arcus palmaris superficialis)

14. Артерии на горниот екстремитет

–       радијална артерија (a. radialis)

–       длабок дланкин лак (arcus palmaris profundus)

 

 

 

15.

Вени на горниот екстремитет

–       длабоки вени

–       површински вени

Лимфен систем на горниот екстремитет

–       лимфни садови

–       лимфни јазли

16.

 

Неврологија – општ дел

Нерви на горниот екстремитет

–       рамен сплет ( plexus brachialis)

 

17.

Нерви на горниот екстремитет

–       мускулнокожен нерв (n. musculocutaneus)

–       средишен нерв (n. medianus)

–       лакотен нерв (n. ulnaris)

 

18.

Нерви на горниот екстремитет

–       внатрешен кожен нерв на подлактот (n.cutaneus antebrachii medialis)

–       внатрешен кожен нерв на надлактот (n.cutaneus brachii medialis)

–       пазувен нерв (n. axillaris)

–       радијален нерв (n. radialis)

 

19.

Коски на долниот екстремитет

Кски на карличниот појас

–       карлична коска (os coxae)

 

20.

Коски на долниот екстремитет

Коски на подвижниот дел на ногата

–       бутна коска (femur)

–       чашка (patella)

–       голеница (tibia)

 

21.

Коски на долниот екстремитет

Коски на подвижниот дел на ногата

–       лисница (fibula)

–       коски на стапалото (ossa pedis)

 

22.

Зглобови на долниот екстремитет

–       зглобови на карлицата

–       зглоб на колкот (art. coxae)

–       зглоб на коленото (art. genus)

 

23.

Зглобови на долниот екстремитет

–       зглобови на коските од потколеницата

–       зглобови на стапалото (artt. pedis)

 

24.

Мускули на долниот екстремитет

–    мускули на бедрото

 

25.

Мускули на долниот екстремитет

–    мускули на надколеницата

 

26.

Мускули на долниот екстремитет

–       мускули на потколеницата

–       мускули на стапалото

27. Фасции на долниот екстремитет
 

28.

Артерии на долниот екстремитет

–       внатрешна бедрена артерија (a. iliaca interna)

–       екстрапелвични бочни гранки

–       бутна артерија (a. femoralis)

 

29.

Артерии на долниот екстремитет

–       затколена артерија (a. poplitea)

–       предна тибијална артерија (a. tibialis anterior)

–       дорзална артерија на стапалото (a. dorsalis pedis)

 

 

30.

Артерии на долниот екстремитет

–       задна тибијална артерија (a. tibialis posterior)

–       надворешна и внатрешна табанска артерија (a. plantaris lateralis et medialis)

Вени на долниот екстремитет

–       длабоки вени

–       површински вени

 

31.

Лимфен систем на долниот екстремитет

–       лимфни садови

–       лимфни јазли

32. Нерви на долниот екстремитет

–    слабински сплет (plexus lumbalis)

33. Нерви на долниот екстремитет

–    крсен сплет (plexus sacralis)

 

34.

Коски на аксијален скелет

Коски на главата

Коски на черепот (ossa cranii)

–       челна коска (os frontale)

–       ситеста коска (os ethmoidale)

 

35.

Коски на главата

Коски на черепот (ossa cranii)

–       клинеста коска (os sphenoidale)

–       тилна коска (os occipitale)

 

36.

Коски на главата

Коски на черепот (ossa cranii)

–       слепоочна коска (os temporale)

–       темена коска (os parietale)

 

37.

Коски на главата

Коски на лицето (ossa faciei)

–       горна вилица (maxilla)

–       непчена коска (os palatinum)

–       долна вилица (mandibula)

38. Коски на главата

Коски на лицето (ossa faciei)

–       јагодична коска (os zygomaticum)

–       носна коска (os nasale)

–       солзна коска (os lacrimale)

–       долна носна школка (concha nasalis inferior)

–       рало (vomer)

–       подјазична коска (os hyoideum)

39. Коски на главата

Череп во целина и краниофацијални јами

40. Коски на главата

Kраниофацијални јами

41. Коски и зглобови на трупот

`Рбетен столб (columna vertebralis)

–       прешлени (vertebrae)

–       крсна коска (os sacrum)

–       опашна коска (os coccygis)

–       `рбетен столб во целина

42. Коскена  карлица (pelvis osseus)

–       голема карлица (pelvis major)

–       мала карлица (pelvis minor)

–       карлица во целина

43. Коски на граден кош

–       градна коска (sternum)

–       ребра (costae)

–       ребрена рскавица (cartilago costalis)

–       граден кош во целина

 

44.

Зглобови на аксијален скелет

Зглобови на главата и вратот

–       виличен зглоб (art. temporomandibularis)

–       горен зглоб на главата (art. atlantooccipitalis)

–       долен зглоб на главата (art. atlantoaxialis med. et lat.)

–       окципитоаксијален спој (syndesmosis occipitoaxialis)

45. Зглобови на граден кош

–       предна група

–       задна група

–       спеви на `рбетен столб (juncturae columnae vertebrales)

 

 

ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ЗА ПРЕДМЕТОТ АНАТОМИЈА 1 

ДАТА СОДРЖИНА
12 – 16. 10. 2020 1. Вовед во анатомија

Остеологија – општ дел

Синдезмологија – општ дел

Миологија – општ дел

2. Коски на горниот екстремитет

–       клучна коска (clavicula)

–       лопатка (scapula)

–       рамена коска (humerus)

–       радиус (radius)

–       лакотна коска (ulna)

–       коски на шаката (ossa manus)

19. 10 – 23. 10. 2020 3. Зглобови на горниот екстремитет

–       зглобови на рамениот појас

–       рамен зглоб (art. humeri)

–       зглоб на лактот (art. cubiti)

–       зглобови на коските од подлактот

–       зглобови на шаката (artt. manus)

26. 10 – 30. 10. 2020 4. Предни регии на горниот екстремитет

–       пазувен предел (fossa axillaris)

–       преден предел на надлактот (regio brachii anterior)

–       преден предел на подлактот (regio antebrachii anterior)

–       преден дел на шаката (palma manus)

5. Задни регии на горниот екстремитет

–       лопаткин предел (regio scapularis)

–       заден предел на надлактот (regio brachii posterior)

–       заден предел на подлактот (regio antebrachii posterior)

–       заден дел на шаката (dorsum manus)

I КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА 

I Колоквиум од Анатомија 1:   4.11.2020

Анатомија на горен екстремитет           

16. 11 – 20. 11. 2020 7. Коски на долниот екстремитет

–       карлична коска (os coxae)

–       карлица (pelvis osseus)

–       бутна коска (femur)

–       чашка (patella)

–       голеница (tibia)

–       лисница (fibula)

–       коски на стапалото (ossa pedis)

8. Зглобови на долниот екстремитет

–       зглобови на карлицата

–       зглоб на колкот (art. coxae)

–       зглоб на коленото (art. genus)

–       зглобови на коските од потколеницата

–       зглобови на стапалото (artt. pedis)

16. 11 -20. 11. 2020 9. Предни регии на долниот екстремитет

–       преден предел на натколеницата (regio femoris anterior)

–       преден предел на потколеницата (regio cruris anterior)

–       дорзален предел на стапалото (dorsum pedis)

10. Задни регии на долниот екстремитет

–       седален предел (regio glutea)

–       заден предел на натколеницата (regio femoris posterior)

–       заден предел на потколеницата (regio cruris posterior)

–       табан (planta pedis)

II КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА 

II Колоквиум од Анатомија 1: 2.12.2020

Анатомија на долен екстремитет

14. 12 – 18. 12. 2020 12. Коски на главата

Коски на черепот (ossa cranii)

–       челна коска (os frontale)

–       ситеста коска (os ethmoidale)

–       клинеста коска (os sphenoidale)

–       тилна коска (os occipitale)

–       слепоочна коска (os temporale)

–       темена коска (os parietale)

13. Коски на главата

Коски на лицето (ossa faciei)

–       горна вилица (maxilla)

–       непчена коска (os palatinum)

–       долна вилица (mandibula)

14. Череп во целина

–     Краниофацијални јами

21. 12 – 25. 12. 2020 15. Коски на трупот

`Рбетен столб (columna vertebralis)

–       прешлени (vertebrae)

–       крстна коска (os sacrum)

–       опашна коска (os coccygis)

–       `рбетен столб во целина

Коски на градниот кош

–       градна коска (sternum)

–       ребра (costae)

–       граден кош во целина

Зглобови на аксијалниот скелет

–       виличен зглоб (art. temporomandibularis)

–       горен зглоб на главата (art. atlantooccipitalis)

–       долен зглоб на главата (art. atlantoaxialis mediana et lateralis)

–       окципитоаксијален спој (syndesmosis occipitoaxialis)

–    зглобови на `рбетниот стол

–    зглобови на градниот кош

 

III КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА 

III Колоквиум од Анатомија 1: 11/12. 01.2021

Остеологија и синдезмологија на аксијален скелет